Фантастичен старт донесе големото финалето кое треба да го даде новиот шампион во НБА лигата. Дуелот во Оклахома Сити го добија гостите од Индијана со кош во последната секунда.

Драмата во „Пејком Центарот“ каде Тандер беа домаќини на Пејсерс, им припадна на гостите со 110:111 за водство од 1-0 во серијата.

Иако домашниот тим постојано беше во предност, а повеќепати и двоцифрена сепак не успеа да ја сочува. . На помалку од три минути до крајот, Оклахома водеше со 108:99. Пејсерс до крајот на натпреварот дојдоа до еден разлика (110:109). Шаи Гилгиус Александар не погоди тројка на 12 секунди до крајот.

Затоа на спротивната страна Тајрс Халибартон, на 3 десетинки реализира за победа на гостите.

Шест играчи на Пејсерс постигнаа двоцифрен број поени, предводени од Паскал Сиакам кој имаше 19 поени и десет скока. Мајлс Тарнер додаде 15 поени и девет скока. Бадијала останаа со 38 поени на Гилгиус-Александар за Тандерси кој заврши како најефикасен на натпреварот .

И вториот натпревар ќе се игра во Оклахома Сити, ноќта во недела кон понеделник во 2 часот.