Македонската машка ракометна репрезентација се подготвив за двата последни натпревар во квалификациите за ЕП 2026 година.

За црвено-жолтите претстојат дуелите со Естонија на гости во Талин и Литванија пред својата публика во Скопје.

Лидерот на оваа селекција Филип Кузмановски вели дека сите може да сметаат на две победи на Македонија. Сепак тој напоменува дека задачата нема да биде нималку лесна, потсетуваќи а првите два меча.

Првиот натпревар против Естонија македонските ракометари ќе го играат на гостински терен во Талин на 8 мај од 18 часот. Последниот меч во овие квалификации против Литванија е на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот.