Одбојкарското првенство на Македонија е во самата завршница. Најдобрите четири екипи во двете конкуренции (мажи и жени) веќе ја започнаа борбата за машинскиот трофеј.

Кај мажите, актуелниот првак тимот на Струмица со „брејк“ победата во првиот меч има водство од 1:0 во финалето со Штип УГД.

Струмичани денеска, ќе играат пред својата публика и со нивната поддршка ќе се обидат да стигнат до втор триумф. Тоа би ги одвело чекор поблиску ди одбраната на титулата. Од друга страна, победникот Купот, Штип УГД, ќе се обиде да направи „ри-брејк“ и да ја врати предноста на домашниот терен.

Денешниот дуел меѓу Струмица и Штип УГД, што ќе се игра во салата „Парк“, ќе почне од 19 часот. Натпреварот може да го гледате низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).

Утре во СЦ „Борис Трајковски“ одбојкарките на Работнички и Јанта волеј ќе го играат вториот меч. Во него гостинската екипа ќе влезе со предност од 0:1 во победи.

Финалните серии во двете конкуренции се игра на три добиени натпревари.