По вториот пораз и тоа убедлив од Работнички во четвртфиналето од плеј-офот, битолски Пелистер се раздели со тренерот  Ненад Трајковиќ.

Трајковиќ дојде на чело на Пелистер на почетокот од оваа календарска година на местото на Александар Петровиќ. Српскиот стратег за момент успеа да го внесе тимот во посакуван ритам. Сепак,  падот на формата и слабите резултати на стартот од плеј-офот беа причина управата на Пелистер реагира.

„Улогата на прв тренер до крајот на сезонава ќе ја има Дејан Илиевски, стручњак што во последните години е дел од тренерскиот тим на „зелено-белите“, а сега ќе добие шанса и како шеф на стручниот штаб.

КК Пелистер му се заблагодарува на Трајковиќ за за професионалниот ангажман и посветеноста од првиот ден во Битола, воедно и му посакуваме многу среќа во работните обврски во иднина.“

Илиевски нема да има многу време да смени нешто повеќе во играта за зелено-белите. Имено веќе во среда во Битола, Пелистер го игра третиот меч со Работнички. Доколку сака да остане во игра мора да го добие тој, но и најмалку четвртиот што исто така ќе се игра во Битола.