Кошаркарите на Минесота повторно ја израдуваа својата публика совладувајќи го ЛА Лејкерс во четвртиот меч од НБА плеј-офот.

Тимбервулфс предводени од Ентони Едвардс славеа над Лејкерси со 116-113 и поведоа со 3:2 во победи.

Едвардс повторно беше не запурлив, натпреварот го заври со 43 поени вклучително и последните два за победа. Имаа можност гостите од ЛА за израмнување но обидот за тројка на Ривс беше непрецизен.

Така бадијала останаа 38 поени на Дончиќ кој имаше скромно две асистенции и еден скок. Леброн Џејмс заврши со 27 поени, 12 сакови и 8 асистенции, но и тоа не помогна.

Сега на Минесота и треба една победа за да се пласира во полуфиналето, а првата шанса ќе ја има во четврток наутро (4.30 часот) на теренот на Лејкерси.

Една победа го дели и Њујорк до полуфинале во Источната конференција. Ова откако Никси во Детроит во неизвесен и контроверзен натпревар ги совладаа Пистонс со 94-93.

Имено домаќините преки Тим Хардевеј Јуниор имаа обид за победа, а врз него беше направен фаул за три слободни фрлања. Иако судиите не се решија да го досудат, подоцна преку соопштение ја признаа својата грешка.

Грешката на судиите може скапо да го чини Детроит, кој сега има две победи заостанување. Така во наредниот меч Пистонс ќе мора да победат во Њујорк, па евентуално да ја вратат серијата на домашен терен.