Екипата на Работнички е втората што обезбеди пласман во финалето на плеј-офот на женскиот одбојкарски шампионат.

Ова откако попладнево во мајсторката од полуфиналето актуелниот шампион Работнички славеше триумф над 3:0 со (27-17, 25-23 и 25-23).

Со 2:1 во победи тимот на Работнички се избори ново финале во кое за шампионскиот трофеј ќе се бори со Јанта волеј.

Според претходно утврдениот календар, финалната серија треба да почне на 26 април.