Одбојкарскиот шампионат на Македонија веќе везе во фазата на разигрување за титулата, во двете конкуренции.

Екипите кои беа домаќини на првите полуфинални дуели, ја искористија предноста. Тие поведоа со 1:0 во полуфиналната серија, што се игра во два добиени меча.

Денеска на програмата се реванш натпреварите, по кои можно е да ги добиеме и финалистите. Тоа доколку гостинските екипи слават победи.

Кај мажите тоа може лесно да се случи, бидејќи тимовите на Струмица која е актуелен шампион и Штип УГД кој го освои куп трофејот, се големи фаворити. Двата тима тоа го докажаа на првите натпревари со Борец и Универзитет во Тетово, на кои не им дозволија да освојат ниту еден сет.

ПЛЕЈ-ОФ РЕВАНШ ПОЛУФИНАЛЕ (МАЖИ)
Понеделник 14.04.25
19.00 БОРЕЦ – СТРУМИЦА (0:1 победи)
19.30 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – ШТИП УГД (0:1 победи)

Кај дамите, во улога на фаворит е тимот на јанта волеј во мечот со Фит Фан волеј. Но, вредно е да се напомене дека сезонава екипата на Фит Фан волеј, во два наврати добро ја помали екипата од Кисела Вода.

Поинтересно и по неизвесно се очекува да биде во Струмица каде кај куп победникот Наковски волеј гостува шампионот Работнички. Првиот полуфинален дуел скопјанки го добија со голем пресврт, откако во два наврати имаа сет негатива.

ПЛЕЈ-ОФ РЕВАНШ ПОЛУФИНАЛЕ (ЖЕНИ)
17.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ. ЈАНТА ВОЛЕЈ (0:1 победи)
19.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ (0:1 победи)