Во Првата македонска денеска ќе се играат сите натпревари од 27-то коло.

Дербито ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ каде трето пласираниот Работнички го пречекува актуелниот шампион Струга ТЛ, тим кој е на петтото место на табелата.

Водечкиот тандем, Шкендија и Силекс ќе играат на домашен терен, против Воска Спорт и Беса кои се борат за опстанат, со напомена дека дуелот во Тетово ќе се игра без публика.

Интересно се очекува да биде и на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. Таму Вардар ќе го пречека кавадаречки Тиквеш, дуел по кој може многу работи да бидат појасни, кога е во прашање опстанокот во Првата лига.

На останатите натпревари Гостивар е домаќин на Шкупи, а во Битола кај Пелистер ја пречекува струмичка АП Брера.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА