Екипата на Њукасл му одржа лекција по модерен фудбал на Манчестер Јунајтед во дуелот од 32.коло на Премиер лигата. Фудбалерите на Њукасл беа надмоќни во секој поглед над „црвените ѓаволи” и заслужено славеа со 4-1.

Рамноправен противник беше Манчестер Ј. само во првото полувреме. Тоа заврши со резултат 1:1 со головите на Сандро Тонали за водство на Њукасл во 24.та минута, а Гарначо изедначи во 37.та минута.

Во вториот дел Њукасл покажа тотална доминација постигна 3 гола и дојде до 3-те бода. Харви Барнс постигна два гола еден во 49.та за 2:1 и за 3:1 во 64.та минута. Точка на натпреварот стави Бруно Гимараеш во 77.та минута со неговиот погодок за 4:1.

Њукасл по една година пауза е на пат да се вести во Лигата на Шампионите бидејќи со овој триумф на 31 одигран натпревар имаат 56 бода и се наоѓаат на 4.та позиција со заостанат натпревар.

Манчестер Јунајтед со 38 бода во 32 кола се наоѓа на 14.та позиција.