Ракометарите на Еурофарм пелистер втор пат сезонава го надиграа Алкалоид. Дербито од третото плеј-оф коло одиграно во Битола, Еурофарм пелистер го доби со 30-28.
Домашните ракометари одлично го почнаа натпреварот. По нерешените 2-2, Е. Пелистер направи низа од четири гола. Веќе во осмата минута зелено-белите имаа четири гола предност 6-2. Алкалоид ги консолидира своите редови и успеа да ја преполови негатива. Тимот од Автокоманда во неколку наврати на дојде на гол помалку нои пелистерци ниту еднаш не им дозволија да израмнат. Напротив, на одмор Е.Пелистер заминаа со три голови предност.
Во второто полувреме. Актуелниот шампион Пелистер постојано ја одржуваше разликата меѓу еден и три гола. Во 46-тата минута Алкалоид имаше можност да израмни, но Серафимов не реализира седмерец, а на спротивната страна од иста позиција прецизен беше Филип Кузмановски за 23-21.
Гостите од Скопје имаа уште две шанси да дојдат до израмнување , но не ги искористија. Напротив, Пелистер, повторно ја зголеми предноста на најголеми четири разлика. На 40.секунди до кракот Алкалоид дојде на -1, но немаше време да се избегне поразот, па Пелистер на крајот славеше со конечни 30-28.
Најефикасен со 8 гола во победничката екипа беше Филип Кузмановски, додека еден помалку постигна Богдан Радивојевиќ. Кај Алкалоид прв стрелец стрелец на натпреварот беше Мартин Серафимов со девет гола (шест од седмерец).
По оваа победа, Еурофарм Пелистер се врати на врвот на табелата сега со девет бодови еден повеќе од Вардар. Екипата на Алкалоид која и натаму е трето рангирана, сега заостанува пет бода зад битолчлани, а четири зад Вардар. Следуваат Охрид со 3, колку што има и Тиквеш кој попладнево го победи Бутел со 26-25, па бутелчани остануваат на нула (0).