Бранителите на шампионските трофеи во одбојкарското првенство во двете конкуренции, Работнички и Струмица со победи го почнаа разигрувањето.

Одбојкарките на Работнички го добија поривот полуфинален меч во дуелот со Наковски волеј. Во супер интересен натпревар и максимални пет сета Работнички со голем пресврт славеше со 3:2.

Иако гостинките во два наврати имаа сет предност, добивајќи ги првиот и третиот (21-25, 23-25), Работнички успеа да се врати во игра. Домашните одбојкарки ги добија вториот и четвртиот сет со 27-25, 25-13. Тоа им даде дополнителен мотив па во решавачкиот на противникот му препуштија само девет поени (15-9).

Актуелниот шампион кај мажите Струмица лесно и убедливо го доби првиот меч против велешки Борец. Струмичани славеа со убедливи 3:0 во сетови.

Потсетување дека предноста на домашниот терен ја искористија и одбојкарките на Јанта волеј против Фит Фан волеј, односно УГД Штип против Универзитет во Тетово.

Според однапред утврдениот распоред, реванш натпреварите треба да се играат во понеделник. Полуфиналето се игра во два добиени меча.