Женската ракометна репрезентација денеска ќе игра реванш натпревар против Полска,. Тоа е бараж дуел преку кој двете селекции бркаат пласман на на Светското првенство 2025.
Македонските ракометарки ќе треба да надополнат четири гола негатива, по пораз (18:22) на гостувањето во Полска.
Задачата за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски сигрно нема да иде лесна, но не е и неостварлива.
Играта во завршните 10 минути од првиот меч во кој нашите ракометарки направија серија од 6:0, треба биде репер како да се одигра денеска.
Атмосферата секако е позитивна во нашиот табор, а дополнително ќе биде зголемена и мотивацијата. Тоа секако ќе треба да го сторат битолските навивачи, присутни во салата „Боро Чурлевски“.
Македонските ракометарки ја повикаа публиката да им даде поддршка и да биде нивниот „осми играч“, во остварување на целта, пласман на Мундијалот.
Натпреварот Македонија – Полска ќе почне од 19 часот, а може да го гледате низ директниот ТВ пренос на МРТ 3.
Ивона Кимовска