Денвер Нагетс ја продолжуваат борбата за предност на домашен терен во плеј-офот. Тие забележаа победа против Мемфис од 117:109 со одличното издание на Никола Јокиќ.
Србинот постигна 26 поени на кои додаде 16 поени и 13 асистенции. Со тоа Јокиќ, кој е само третиот кошаркар во историјата кој регуларниот дел од сезоната го завршил со трипл-дабл просек.
Пред него тоа го имаат сторено само уште двајца кошаркари. Неговиот соиграч Расел Вестбрук го направи тоа четири пати играчки за Оклахома (2016-17, 2017-18 и 2018-19) и за Вашингтон (2020-2021). Легендарниот Оскар Робертсон го направи тоа во сезоната 1961-62 како играч на Синсинати.
Лос Анџелес Лејкерс убедливо победија против Хјустон Рокетс. „Езерџиите“ пред својата публика славеа со 140:109.
Лука Дончиќ со 39 поени, осум скока и седум асистенции и Остин Ривс со 23 поени, беа најефикасните во тимот на Лејкерси.