Ракометарите на Вардар ја запишаа и третата победа во суперлигашката плеј-оф конкуренција.

Вардар славеше со убедливи 28:24 против Охрид..

Вардарци уште од самиот почеток ја презедоа контролата и рано создадоа водство од 4:1. До 16-тата минута, нивната предност порасна на 10:4. Сепак, тимот на Охрид не се предаде и со серија од пет последователни гола намали на само еден разлика 10:9. И покрај обидите на гостите да израмнат, Вардар остана цврст и не дозволи пресврт. На полувреме, домашниот тим замина со минимално водство од 13:12.

Гостинската екипа во 32-та минута успеа да израмни на 14:14, но црвено-црните веднаш возвратија со серија од 4-0 и повторно ја презедоа контролата со водство од 18:14. Охрид се обидуваше да се врати во игра и да израмни, но Вардар играше сигурно и не дозволи пресврт. Во 52-та минута, домаќините повторно имаа предност од +3 (23:20), која успеаја да ја одржат до самиот крај и заслужено триумфираа со конечен резултат од 28:24.
Најефикасни од тимот на Вардар беа Борозан Вуко и Димитро Владимир Хориха со седум погодоци, додека од Охрид Caio Vinicius De Souza Morais даде пет гола.

Останатите два натпрфевари од ова коло на програмата се во недела од 18 часот.

Во дербито, шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид, а Тиквеш во Кавадарци е домаќин на Бутел.

Ивона Кимовска

Следете нé на нашите социјални мрежи