Фудбалерите на Плимунт приредија голема сензација елиминирајќи го Ливерпул од ФА Купот.
Последно пласираниот тим во второлигашката англиска лига Плимунт, го совлада водечкиот во Премиер лигата Ливерпул со 1-0.
Експериментот на тренерот Арне Слот да игра со подмладен тим не успеа, па Ливерпул не стигна ниту до осминафиналето на ова натпреварување.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 53-тата минута од пенал, а стрелец беше Харди.
Бадијала беа сите обиди на Ливерпул да стигне до израмнување, па фудбалерите и навивачите на Плумунт заслужено се радуваа.