Иако сезоната ја почнаа со одбрана на Супер Купот на Македонија, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не ги задоволија критериумите на нивните навивачи.
Двата порази во домашното првенство и речиси загубените шанси за пласман во плејофот на АБА2 лигата, ја „потпалија“ атмосферата.
„Бензин на огнот“ дотури и вечерашната тешка победа над Гостивар. Шампионот се изнамачи да стигне до триумф над Гостивар, а на аеродромци за тоа им беа потребни дополнителни пет минути за тоа.
Во текот на натпреварот навивачката група „Фемили Аеродром“ излезе со транспарент со кој се критикува работата на раководството.

Воедно „Фемили“ на својот Фејсбук профил се огласија и со соопштение во кое се вели.
„Рибата смрди од кременадлата!
Веќе неколку години како челниците на МЗТ Скопје го водат клубот во надолна линија.
Долгови од стотици илјади евра, лажни ветувања, истите бајки во круг и нетранспарентно работење се она со кое се соочуваме позади затворени врати.
Но, шлагот на тортата беше ставен пред некоја недела кога директно према нас имаше обид за саботажа.
Затоа се решивме битката да продолжиме да ја водиме пред јавноста,
а со тоа да побараме оставка и конечна промена во раководството.
УПРАВА КРАЈ!„
Но на мета беше и тренерот Васко Атанасов.
Честопати на социјалните мрежи навивачите по секој пораз бараа негова смена. Вечерва по завршувањето на натпреварот тие вербално го нападнаа.
Тука беа играчите на МЗТ да не дозволат ситуацијата да ескалира.


































