Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) денеска ќе го доигра последниот натпревар во квалификациите за ЕП 2025-та.
Шансите за висок пласман избраниците на селекторот Драги Канатларовски одамна ги загубија.
Последниот натпревар против Грузија нема да ја промени позицијата на табелата.
Со четири победи и пет порази, црвено-жолтите ќе завршат како четврто пласирани во „Ц“ групата. Грузијците кои славеа на првиот натпревар во Скопје, имаат четири бодови повеќе, па и победа на Македонија нема да ги симне од третото место.
Единствено што може да смени одвој натпревар е впечатокот кој го оставија македонските младинци, бидејќи не нé уверија во своите квалитети. Затоа избраниците на Канатларовски ќе мора да одиграат на највисоко ниво и за својата чест.
На првиот натпревар меѓу овие две селекции Грузијците славеа минимално со 1-0.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија ќе почне од 18 часот.