Две македонски ракометни екипи останаа да нé претставуваат на европската сцена. Откако Металург Автокоманда беше елиминиран, екипите на Ѓорче Петров о Чаир се нашите претставници во куповите на ЕХФ.
Актуелните шампионки ракометарките на Ѓорче Петров ќе имаат „невозможна мисија“ да надополнат осум голови негатива во дуелот со шведска кај екипата на Х65 Хурс. „Лавиците“ од Ѓорче првиот меч на гостински терен од квалификациската рунда на Европскиот Куп го загубија со 21-29.
Иако ќе играат пред својата публика, сепак тешко е да се поверува дека избраничките на Симе Симевски може да се надминат и да се пласираат во следната рунда. Реванш натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Еден час порано (18.00) во салата „Автокоманда“ на терен ќе истрчаат ракометарките на Чаир. Тие пак во реванш дуелот со екипата на Керженг од Луксембург ќе влезат со гол предност.
Чаирчанки на првиот натпревар, од ЕХФ Европски куп, на гостински терен славеа победа со 26-24.