Ракометарките на Чаир го продолжуваат настапот во ЕХФ Европскиот Куп. Чаирчанки и по втор пат беа подобри од екипата на Керженг од Луксембург. Вечерва во салата „Автокоманда“ ракометарките на Чаир убедливо го доби реваншот со Керженг со 32:26.

Во првите минути од натпреварот, Керженг успеа да поведе со 2:0, но Чаир брзо израмни на 2:2. Чаирчанки во неколку наврати успеаја да создадат минимална предност, но не и да ја одржат. Домашната екипа со серија 4-0 во 21-та минута успеа да поведе со 14:10. На полувреме Чаир замина со предност од 17:14.

Во 36-тата минута, Керженг успеа да ја намали разликата само на еден гол 19:18. Чаир не им дозволи на гостите да израмнат и со серија од 2-0 повторно ја врати предноста на 21:18. Керженг, сепак, не се предаде и со серија 3-0 ја намали разликата на 22:21. Чаирчанки повторно во 49-тата минута ја зголемија предноста на 27:23. Домашната екипа во последните десет минути успешно ја одржуваа оваа предност. Крајниот резултат беше 32:26.

Најефикасни од екипата на Чаир беа Гулицоска со осум и Диневска со шест погодоци.
Чаир на првиот натпревар на гостински терен славеа победа со 26:24.

Ракометарките на Чаир сега ќе ја ќекаат ждрепката во вторник, по која ќе го дознаат противникот за следната рунда. Воедно Чаирчанки останаа единствената македонска екипа во женска конкуренција кој продолжува на европската сцена.

Ова откако македонскиот првак Ѓорче Петров не успеа да ја надополни негативата од седум гола од првиот меч против шведскиот Х65 Хурс. „

Лавиците“ од Ѓорче првиот меч на гостински терен од квалификациската рунда на Европскиот Куп го загубија со 21-29. Денеска во реваншот во Скопје славеа со 26-19, но за еден гол помалку од потребното.

Ивона Кимовска