Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.
Избраниците на селекторот Канатларовски ќе ги пречекаат врсниците од Молдавија.
„Киксот“ на првиот меѓусебен дуел и поразот од 1-2 со играч повеќе секако ќе бидат и мотив плус за македонските младинци да докажат дека тоа било само лош ден.
Тоа беше и еден од петте пораз на нашите надежи во осумте досегашни одиграни натпревари.
Шансата за висок пласман одамна се загубени, па затоа останува во последните два дуели оваа генерација да не убеди дека има потенцијал.
Дуелот Македонија – Молдавија што ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе почне во 14 часот.