Трите екипи кои ќе ја преставуваат Македонија во женска конкуренција, на европската ракометна викендов ќе имаат настапи.
Денеска во ЕХФ Европскиот куп ќе не претставуваат ракометарките на Чаир и Металург Автокоманда кои ќе играат во второто коло.
Први на сцената ќе излезат ракометарките на Металург Автокоманда за кои тоа ќе биде деби на европската сцена. Тие ќе играат против турската екипа Гореле и тоа двата натпревари на гостински терен. Денешниот (првиот) ќе почне од 16 часот, а реваншот на програмата е во понеделник од 16 часот.
Попладнево ќе играат и ракометарките на Чаир кои гостуваат во Луксембург кај составот на Керженг. Чаирчанки својот реванш дуел ќе го играат на домашен терен и тоа 13 октомври од 19 часот.
И македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе гостува, но утре во шведска кај екипата на Х65 Хурс. Тоа е натпревар од прелиминарната рунда во Европската лига, а доколку „Лавиците“ успеат да го минат овој противник во плеј-офот за влез во групите би играл против францускиот Париз.
Утрешниот натпревар меѓу Х65 Хурс и Ѓорче Петров ќе почне од 16 часот. Реванш мечот во Скопје ќе се игра на 13 октомври (од 18 часот).