Со седумте победи на исто толку одиграни натпревари, јуниорската кошаркарска репрезентација се избори за финале на ЕП за кошаркари до 18 години.

Македонија ќе игра за златото во Б дивизија на Евробаскетот што се одржува во Скопје.

По вчерашната убедлива победа над Бугарија во полуфиналето, со самиот пласман во финалниот меч, македонските јуниори направија исчекор повеќе. Тоа практично ќе значи и промоција на репрезентацијата во повисок ранг на натпреварување однос о настап во „А“ дивизија на ЕП 2025-та.

Сега целта на избраниците на селекторот Горан Андреевски е првенството во Скопје да се заврши со злато. Противник ќе биде селекција на Австрија.

Дуелот што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, ќе почне од 21 часот, а влезот е слободен.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО И ОВДЕ.

КОШАРКА МАЖИ ДО 18 ГОДИНИ – Скопје
ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – дуели за медал

за бронза 18:30 ПОЛСКА – БУГАРИЈА
за злато 21:00 МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА