Во „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје денеска се играат натпреварите од последното коло по групи.
Машката репрезентација на Македонија, ќе игра против врсниците од Украина.
По четирите победи (Ирска, БиХ, Чешка и Кипар), македонската јуниорска репрезентација е на првото место во Ц групата во пресрет на четвртото коло.
Избраниците на селекторот Горан Андреевски секако ќе сакаат со триумф да ја потврдат таа позиција и победнички да ја чекаат четвртфиналната рунда.
Во неа македонските јуниори ќе играат во второ пласираната селекција од Д групата. За таа позиција претендираат Норвешка, Грузија и Португалија. А, која ќе го освои второто место (зад Австрија), ќе зависи од денешниот дуел меѓу Грузија и Португалија.
Натпреварот Македонија – Украина почна од 18.30 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.