Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска има нов настапов на Евробаскетот.

Во дивизијата „Б“ дивизија на шампионатот што се одржува во Скопје, денеска ќе се играат натпреварите од 3.коло по групи.

Триумфите над Ирска и БиХ, им отворија можност на македонските јуниори за првите две позиции, кои водат во четвртфиналето.

Ривал за тоа е селекцијата на Чешка која како нашата досега оствари две победи. Триумф на денешниот дуел повеќе од сигурно ќе ни донесе четвртфинале. Ова имајќи в предвид дека, црвено-жолтите во последните две рунди, ќе играат со аутсајдерот Кипар, како и Украина која веќе има пораз.

Дуелот меѓу Македонија и Чешка што ќе се игра во СЦ Кале, е еден од трите од 3.коло во Ц групата. Денеска во неа ќе се играат и натпреварите Украина – БиХ и Кипар – Ирска.

Натпреварот Македонија – Чешка може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.