Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар денеска ќе ги дознае противниците за ЕХФ Европската лига. Вардарци ќе ги прескокне квалификациите и директно ќе играат во групната фаза.
Тие од вториот т.н. „шешир“ ќе ги чекаат противниците за групната фаза.
Вардар е во истиот „шешир“ со екипите на: Горник (Полска), Констанца (Романија), Горење (Словенија), Татабања (Унгарија), Хафнарфјордур (Исланд), Татран (Словачка) и Кил (Германија). Тие екипи не можат да им бидат противници на црвено-црните во групната фаза.
Тимовите ќе бидат поделени во осум групи, а натпреварите (вкупно по шест, дома и гости) ќе се играат од 8 октомври до 26 ноември. Две првопласирани екипи од групите ќе продолжат во разигрувањето.
Комплетниот изглед на групите ќе биде познат по одигрувањето на двете квалификациски рунди закажани за на 31 август и 1 септември, додека реваншите на 7 и 8 септември.
Ждрепката ќе се одржи денеска од 11 часот, а може да ја гледате во живо овде.