Младинската машка репрезентација на Македонија денеска го продолжува настапот на ЕП за кошаркари до 20 години. На шампионатот што се одржува во полскиот град Гдиња, денеска ќе е играат натпреварите од првата „нокаут„ рунда.
По трите убедливи порази во групната фаза, вчерашниот слободен ден македонските репрезентативци веројатно го искористиле да ги увидат своите недостатоци.
Доколку сакаат да ја остварат целта, и да обезбедат опстанат во елитната „А“ дивизија, младите кошаркари ќе мора да дадат и повеќе од својот максимум. Задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи во разигрувањето прв противник е Словенија. Оваа репрезентација групната фаза ја заврши си максимални три победи.
Натпреварот Македонија – Словенија ќе почне во терминот од 13 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (У20) осминафинале
13:00 Словенија – Македонија
13:00 Франција – Германија
15:30 Италија – Полска
15:30 Шпанија – Црна Гора
18:00 Израел – Грција
18:00 Србија – Чешка
20:30 Белгија – Исланд
20:30 Литванија – Турција