Иако одиграа многу подобро во однос на првите три натпревари, Македонските младинци гои претрпеа четвртиот пораз на Евробаскетот во Полска.
Во првата рунда од разигрувањето, Македонија е поразена од Словенија со 71-82.
Лошо го почнаа натпреварот македонските младинци, му дозволија на противникот брзо да направи предност. Словенците имаа и 17 поени предност, а првата четвртина ја добија со +11 (16-27). Во втората подобри беа напите младинци (17-12), но на одмор заминаа со шест поени негатива (33-39). На стартот на третиот период црвено-жолтите брзо ја анулираа негативата, па и поведоа 44-43. Имаа предност се до средината на тој период (47-46) и тука застанаа. До крајот на периодот противникот постигна 19, а прими 9 поени па Словенија во последната четвртина влезе со 11 поени предност (51-62).
Немаа очигледно доволно сили македонските младинци повторно да го свртат резултатот, па претрпеа пораз со 71-82.
Така Словенците се пласираа во четвртфиналето, а за нашите кошаркари следува за разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Целта е секако да се избегнат последните три позиции кои ќе значат испаѓање во „второлигашкиот“ ранг
Следен противник на Македонија ќе биде поразениот од дуелот Италија – Полска.