Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) забележа победа над врсниците од Полска. На контролниот натпревар одигран во Радом, македонските мелници ја победија Полска со 2-1.
Во финишот на првиот дел (44.минута) Марио Илевски го постигна голот за водство на Македонија од 1-0. По само две минути игра во второто полувреме (47) Лука Станковски зголеми на 2-0.
Во финишот на натпреварот (84.минута) домаќините преку Борис само го ублажија поразот на 1-2.
Веќе во среда (5 јуни) во Кониќ, младите македонски фудбалери ги очекува дуел со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Овие натпревари на селекторот Канатларовски и неговите избраници, ќе им послужат како дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2025-та. Во септември Македонија ја очекуваат дуелите со Шведска и Гибралтар.
Квалификациите ќе бидат заокружени си натпреварите во октомври (Молдавија и Грузија).