Откако екипата на Фиорентина вчера си ја заврши работата, вечерва ќе го дознаеме вториот финалист во Конференциската лига.

На мал чекор до него е грчкиот Олимпијакос кој со два гола предност ја дочекува Астон Вила пред своите симпатизери.

Во првиот натпревар црвено-белите од Пиреја ги изненадија сите љубители на фудбалот со победа со 4:2. Избраниците на тренерот Хозе Мендилибар имаа и мотив повеќе да ја минат рундата бидејќи финалето ќе се игра токму во Атина.

Натпреварот меѓу Олимпијакос и Астон Вила ќе почне од 21 часот.