Младиот македонски кошаркар, репрезентативец, Андреј Јакимовски кариерата ја продолжува во САД.

Имено, Јакимовски на својот Инстаграм профил простираше објава со која најави соработка со Универзитетот Колорадо Болдер, популарните „Бафало“.

Тој ја заврши својата едукација и четири годишна соработка со тимот на Вашингтон Стејт. Тој сепак има можност уште една сезона да игра во Универзитетската, НЦАА лига.