Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на спринт трката која се возеше за ГН на САД во Мајами.

Трикратниот светски шампион славеше со над 3 секунди пред Леклер од Ферари и 5 секунди пред Перез од Ред Бул. Од пол-позицијата стартуваше токму Верстапен кој со сигурно возење стигна до нова спринт победа во Ф1 првенството и осум поени.

Големо изненадување беше Даниел Рикиардо кој на крајот на спринт трката заврши на високото 4-то место. Возачот на РБ ги одолеа нападите на Карлос Саинц од Ферари и на крајот успеа да ја задржи својата позиција.

Бодови уште освоија и Саинц, Пиастри, Хулкенберг и Цунода. Хамилтон кој заврши како 8-ми доби казна поради тоа што го предизвика сударот на стартот на спринтот со Алонсо, Строл и Норис кој пак мораше да се откаже од трката.

На спринтот тотално разочараа Џорџ Расел од Мерцедес и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Во генералниот пласман води Верстапен со 118 бода, пред Перез со 91 и Леклер со 83 бода.

Вечерва од 22 часот ќе се возат и квалификациите за утрешната трката која ќе стартува во истиот термин (22 часот).