Првите полуфинални натпревари во Лигата на Европа донесоа интересен фудбал, но со релативно слаба реализација. Само четири гола беа постигнати на дуелите во Рим и Марсеј.

На „Олимпико“ во Рим, новиот германски првак триумфираше со 2:0 против Рома. Стрелци на головите беа Флориан Вирц во 28-та минута, и Роберт Андрих во 73-та минута.

Домаќините одиграа лош натпревар за што говорат само шесте удари кон голот на новиот германски шампион, а два во рамките.

На „Велодром” во Марсеј, Олимпик и Аталанта одиграа со 1:1.

Италијанците поведоа со голот на Скамака во 11-та минута, а Марсеј изедначи на 1:1 во 20-та минута со голот на Мбемба.

Така реваншот во Бергамо практично ќе почне од „нула“, додека Баер пред своите симпатизери има можност да го завери пласманот во финалето закажано за 22 мај во Даблин, Република Ирска.