Фудбалерите на Борусија Дортмунд забележа минимална победа со 1-0 во првиот полуфинален натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Првиот половина час мина во внимателна игра во која двата тима повеќе размислуваат да не направат грешка во одбраната. А, токму тоа се случи во 34-тата минута. Гостите не успеаја да постават офсајд замка. Шлотербек со одлична долга топка го пронајде Фулкруг, која одлично се снајде и му донесе предност на германскиот тим.
Во продолжението уште неколку убави можности имаа домаќините, но резултатот остана не променет 1-0 за Борусија.
Во вториот дел во иста акција многу среќа за домашниот состав.
Ударите на Мбапе и Хакими завршија во рамката на домашниот гол, а резултатот не променет. Напаѓаа „светците“ од Париз со сите сили за израмнување, но и „милионерите“ имаа свои шанси. На двете страни недостасуваше завршница, па на крајот Борусија со гол предност ќе патува во Париз
Кој ќе игра во финалето на „Вембли“ во Лондон, ќе дознаеме по реваншот закажан за во вторник (7 мај).