Екипата на Чаир во дербито на колото го пречека тимот на Куманово. Чаирчанки се измачија, но го совладаа Куманово со 30:28.

Куманово на почекате успеа да поведе со 3:1. Чаир брзо стигна до израмнување на 4:4. Домаќинките во 19-тата минута успеаја за прв пат да поведат со 9:8. Куманово со серија од 3-0 успеа да израмни, а потоа и да поведе со 12:11. Гостинската екипа успешно ја одржуваше оваа предност до крајот на полувремето. На пауза заминаа со позитива од еден гол 15:14.

Во второто полувреме Чаир во 33-та минута израмни на 16:16. Во наредните десет минути се играше гол за гол. Кумановки во 42-та минута успеаја да поведе со 22:20, но Чаир брзо израмни на 22:22. Двете екипи не успеваа да создадат предност па резултатот постојано беше израмнет се до 51-та минута. Тогаш Чаир успеа да создаде предност од два гола (27:25). Таа разлика чаирчанки успешно ја одржува аи на крајот славеа со конечни 30:28.

Најдобар стрелец од Чаир беше Ѓеоргиевска Стефанија со осум погодоци, додека од Куманово Богојеска и Зечевиќ дадоа по шест гола.

Ивона Кимовска