Во првиот натпревар од полуфиналната серија, Пелистер со убедлива победа од 63-86 поведе со 1-0 против Работнички.

Гостите од Битола делуваа како екипа која имаше поголема концентрација, барем во тие први 20.минути од првото полуфинале.

Пелистер замина на одмор со позитива од пет поени за 35-41.

Во третиот период „зелено-белите“ предводени од тренерот Дарко Радуловиќ, одиграа одлично и позитивата од полувремето ја претворија во двоцифрена недостжна предност од 47-67.

Период од играта во кој свои одлични моменти имаше Маслинко, кој освен 11 поени додаде и 4 скока, а пријатно изненадување во играта на „лелистерци“ беше и Лука Стојановски, кој постигна и три тројки од три обиди, за негови девет поени.

Рикиќ беше првото поентерско име кај Работнички. Високиот центар веќе имаше 14 поени во тие 20.минути, додека Трајс и Ѓелетовиќ искомбинираа уште толку (двајцата по седум).

На почетокот на последната четвртина, Пелистер стигна и до највисоките 49-72. Се покажаа како и повеќе од доволни за екипата од Битола да се стекне со почетна предност од (1-0) во серијата во која се бараат три победи за финале.

Кај Пелистер, Планиниќ реализира 16.поени, Маслинко имаше 15, Мијовиќ 14, Најт 13, а Стојановски уште 12 поени.

Кај Работнички, Рикиќ застана на 16.поени, Ѓелетовиќ имаше 11, а младиот Шошкиќ уште десет поени.

Вториот меч со игра во Битола на 1 мај во среда.