Ретко возбудлив натпревар без погодоци одиграа Јувентус и Милан на „Алијанц“ стадионот во Торино.

Во првото полувреме единствената посериозна прилика беше во самиот финиш кога Душан Влаховиќ одлично биеше од работ на шестнаесетникот, но Спортиело одлично интервенираше.

По паузата екипата од Торино стави во втора брзина и го притисна гостинот од Милано креирајќи одлични прилики за погодок кои не беа реализирани.

Тоа му овозможи на Милан контра-напади и шанси на другата страна од теренот. Имено, Лофтус Чик и Рафаел Леао во 66-тата и 79-тата минута не успеаја да искористат две одлични прилики за водство на својот тим.

Јувентус во финишот имаше изгледни прилики преку Аркадиуш Милик да постигнат гол, но одлично се бранеа „росонерите“ и резултатот остана 0:0.

Милан и Јувентус по ова реми остануваат на втората односно третата позиција на табелата и се со „една нога“ пласирани во Лигата на шампионите следната сезона.