Ракометарите на Алкалоид славеа победа во дербито со Охрид, а во рамките на 11.коло на плејоф суперлигашката конкуренција. На натпреварот одигран попладнево во салата во Автокоманда, Алкалоид го победи Охрид со 42-31.

Целата работа домашниот тим ја заврши уште во првото полувреме во кое создаде големи осум голови предност. Гостите беа рамношпрабвни9 само во водоводниот дел се до 4-4, по што избраниците на Кирил Лазаров „фрлија“ во поголема брзина. Од минута во минута вицепрвакот ја зголемуваше предноста, а по 30.минути игра имаше водство со 22-14.

Таквата предност Алкалоид знаеше како да ја сочува до крајот и да слави со конечни 42-31.

По седум голови за победничката екипа постигнаа Марко Стојковиќ и Марко Митев, додека Дамјан Митев И Мартин Серафимов реализира по шест пати. Во гостинскиот, поразениот, тим Јапонецот, Хироки Матцуока беше стрелец на седум гола.

Со оваа победа Алкалоид се зацврсти на третото место со 27 бодови, четири повеќе од Охрид.

Моменталниот лидер на табелата Вардар има 30, додека Еурофарм Пелистер кој попладнево игра против Пролет има 29 бодови.