Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, на почетокот на мај месец ја очекуваат два важни натпревари. Бараж двомечот со Фарските Острови е можност за Македонија повторно да боде дел од ракометниот Мундијал.

Селекторот Кирил Лазаров денеска го објави првиот список на кој има дури 36 ракометари. Сигурно дека тој ќе биде редуциран најмалку уште два пати.

Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на гостински терен на 8 мај (20 ч.), а реваншот на 12-ти ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот).