Фантастичен, фудбал, пет гола, неколку контроверзни одлуки на судиите, и пресврт победа на Реал во „Ел Класико“. Најголемото светското дерби во Мадрид, меѓу Реал и Барселона заврши 3:2 за домаќините.

Јунак на домашниот тим беше Англичанецот, Џуд Белингем кој го постигна победничкиот гол во судиското дополнение.

Барселона во два наврати имаше предност. Уште во шестата минута Данецот, Кристенсен погоди за 0:1, а во 69-тата Фермин Лопез за 1:2.

Реал израмни преку Винициус во 18,минута, по контроверзниот досуден пенал врз Лукас Васкез. А, токму тој (Васкез) во 73-тата израмни на 2:2.

Иако двата тима до крајот имаа уште по неколку големи шанси за гол, а единствено Белингем ја искористи својата во 91-тата минута за победа на Реал.

Фудбалерите на двата тима заслужија највисока оценка за прикажаното, но не и арбтрите предводени од главниот Сезар Сото Гардо.

Остана дилемата дали Барселона беше оштетена на дербито, не за еден туку два гола. Покрај пеналот за 1:1, при истиот резултат, во 28-та минута, сомнителна беше и одлуката за евентуален гол на Јамал за 1:2 за Барса.

Реал со оваа победа е се поблиску до титулата. „Кралевите“ имаат 81 бодови, дури 10 повеќе од Барселона, а до крајот остануваат уште шест кола.