Ракометарите на Вардар попладнево играат исклучително важен дуел од Супер лигата – пелј оф. Тие ја пречекуваат екипата на Тиквеш во СЦ Јане Сандански, екипа која на последниот меѓусебен дуел одигран во Кавадарци постигна победа со 22:20 и со ги намали шансите на „црвено-црните“ да стигнат до шампионската титула осбено што во дуелите со првакот Еурофарм Пелистер постигнаа по една победа, а имаа бод повеќе во пресрет на пролетниот дел од шампионатот. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Ова е единствениот натпревар што се игра денеска од 10.то коло од Супер лига – плеј оф. На вчера одиграниот дуел Алкалоид очекувано високо ја совлада екипата на Струга со 35:20.

Утре се играат другите два дуела. Бутел ја пречекува екипата на Пролет (почеток 18 часот), додека во Охрид кај истоимената екипа гостува шампионот Е. Пелистер, а почетокот на дуелот е во 19 часот.

Натпревари од 10.коло ќе одиграат и екипите во Супер лигата плеј аут. Најинтересно се очекува да биде на натпреварот од 14 часот во салата во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Прилеп (лидер на табелата во плеј аут лигата), од причина што трите натпревари на овие два тима сезонава секогаш нуделе неизвесност и возбудливост. На вториот натпревар што се игра во главниот град, иако гостин екипата на МРК Куманово важи за фаворит против Скопје 2020. Почетокот на натпреварот е во 15:30 часот. Третиот дуел се игра во Битола каде Е.Пелистер 2 е домаќин на Вардар Неготино.

Тимот на Голден Арт КЛ7 е слободен во ова коло.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ ОФ – 10.КОЛО
Сабота

18:00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
Недела
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ
19:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Одиграно вчера
АЛКАЛОИД – СТРУГА 35:20

ТАБЕЛА: Е.Пелистер 26 бодови, Вардар 24, Алкалоид 24, Охрид 23, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струга 0.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ АУТ – 10.КОЛО:
14:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ПРИЛЕП
16:30 СКОПЈЕ 2020 – КУМАНОВО
18:30 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР НЕГОТИНО
слободен ГОЛДЕН АРТ КЛ7 

ТАБЕЛА: Прилеп 24, МРК Куманово 23, Е.Пелистер 21, Вардар Н. 18, Мулти Есенс 14, Голден Арт КЛ7 10, Скопје 2020 6, Аеродром -7.