Скопје ќе биде домаќин на спектакуларен настан во кик-боксот. Имено во СЦ „Јане Сандански“ на 26 април ќе се одржи „ ВАКО Про Арена фајт најтс“.

Главната борба ќе ја има нашиот најдобриот кикбоксер Бобан Илиоски кој ќе се бори за светската тотула во ВАКО – К1. Во категоријата до 88,6 килограми Илиоски за противник ќе го има Турчинот, Берк Дузенли.

На спектакуларниот настан, прв од ваков вид во Македонија, ќе настапат уште неколкумина македонски борци. Поранешниот светскиот првак Димитар Ѓоргиев, Силвио Мировски, Максим Митровски и Нелсон Узеир. Кај дамите црвено-жолтите бои на Македонија, ќе ги бранат Викторија Варадинова и Марија Димовска.