Екипата на Атлетик Билбао која игра фантастично сезонава во шпанската Ла Лига, вечерва направи голем „кикс“. Во дуелот од 32.коло Атлетик пред своите симпатизер освои само бод против Гранада. Дуелот на „Сан Мамеш“ во Билбао заврши 1:1.

Лошо започна натпреварот за Баскијците. Еден од нивните најдобри играчи, Иљаки Вилијамс во шестата минута си постигна автогол, за водство на Гранада од 0-1.

Атлетик брзо успеа да ја анулира негативата. Во 24-тата минута Гурузета израмни на 1-1.

Иако во продолжението домашниот тим со сите сили се обидуваше да постигне втор гол и да стигне до трите бода, сепак во тоа не успеа.

Атлетик пропушти шанса дополнително да направи притисок врз четврто пласираниот Атлетико Мадрид. Тимот од Билбао е петти со 58 бодови, сега три помалку од мадридскиот ривал.

Гранада пак останува претпоследна и заедно со Алмерија сигурно ќе се преселат во втората шпанска лига.