Екипата на Реал Мадрид е последниот патник во полуфиналето на Лигата на шампони, откако го елиминира актуелниот првак Манчестер Сити. Натпреварот заврши 1:1 по 90.минути, а по мирни продолженија и пеналите „кралевите” се меѓу четирите најдобри.

Во првото полувреме се одвиваше во полза на Реал. По електрична контра Родриго постигна гол во 12.та минута.

Во второто полувреме Реал Мадрид се повлече и Манчестер Сити направи опсада на половината на Реал. Плод на сето тоа дојде во 76.та минута кога Кевин Де Брујне изедначи на 1:1 по грешка на одбраната на Реал. До крајот остана резултатот непроменет и натпреварот продолжи на продолженија.

Во продолженијата ниту една екипа не успеа да постигне гол, па затоа натпреварот продолжи на пенали.

Во пенал „рулетот“. Во првата серија кола Лука Модриќ не реализира, кај Реал, а во втората Бернардо Силва кај Сити. Украинскиот голман Лунин го одбрани и ударот на Матео Ковачиќ во третата серија. Во последната серија Рудигер погоди и го одведе Реал во полуфинале.

Противник противник на Реал ќе биде Баерн Минхен кој го елиминира Арсенал со вкупни 3-2. Првиот полуфинален пар го сочинуваат ПСЖ и Борусија Дортмунд.

Првите полуфинални дуелi се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај. Финале ќе се игра на 22 мај во Даблин, Република Ирска.