Баерн Минхен ги мина Арсенал и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. По лондонските 2-2, вечерва на реваншот од четвртфиналето во Минхен, домаќините славеа со 1-0, доволно за место меѓу четирите најдобри.

Во прво полувреме по една шанса на двете страни. Домаќините се заканија преку Џамал ​​Мусиала (24.минута) но неговиот обид гостинскиот голман Раја успеа да го одбрани. Седум минути подоцна на спротивната страна се закани Габриел Мартинели, но Нојер беше внимателни. На пауза се замина со почетниот резултат 0-0.

На стартот на второто многу среќа за гостите од Лондон.

Рамката од голот на Раја беше сојузник на Арсенал во два наврати за неколку секунди. Ударот со глава на Горецка заврши во гредата, одбиената топка стигна до Гереиро кој ја погоди стативата. Сепак немаа среќа „топчиите“ во 63.минута кога Кимих небранет од никого со глава ја заби топката во мрежата на Арсенал за водство на Баерн од 1-0.

Гостите фрлија се на една карта, да дојдат до израмнување, но нивните обиди беа јалови или Нојер успеваше да ги спроти, па Баерн славеше полуфинале.

Баварците го чекаат исходот од меѓа дербито Манчестер Сито Баерн Минхен каде вкупниот резултат е 4-4, па ќе се играат продолженија.