Со трите натпревари одиграни попладнево комплетирано е 27.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Градското скопско дерби меѓу Работнички и Вардар по долго време повторно се одигра на арената „Тодор Проевски“. Во прекрасната атмосфера создадена од наоколу илјадната публика, се радуваа домаќините фудбалерите на Работнички кои славеа со 2-0.

Домашниот состав на Работнички поведе во 75-тата минута преку младиот македонски репрезентативец Димитар Тодоровски. Победата ја потврди Мазари во четвртата минута од саудиското дополнение, па „романтичарите“ ги освоија трите бода.

Големо изненадување се служи во Струга каде шампионот и лидер на табелата освои само еден бод во дуелот со Брегалница која пред ова коло беше последна. Домаќините поведоа преку Шабани во финишот на првиот дел (42.минута). Гостите од Штип, во второто полувреме постигнаа два брзи гола. За само шест минути, Стојчевски (67) и Селмани (73) направија комплетен пресврт, за водство на Брегалница со 1-2. Да го избегне срамот актуелниот првак се погрижи Бесарт Ибраими кој во 86-тата минута израмни на 2-2.

Во Тетово, екипата на Шкендија го демолира кратовски Силекс совладувајќи го со 6-1. Иако првиот по дел резултатот беше израмнет 1-1, во второто полувреме тетовци постигнаа пет голови.

По овие, како и вчерашните резултати, сега борбата за титулата е уште по интересна, но и онаа за опстанок. Стружани имаат бод повеќе од Шкупи, а три од Шкендија, додека четврто пласираниот Силекс е далеку зад нив и заостанува 18 бода зад лидерот.

Во битката за опстанок. Сега Македонија ЃП е последна со бод помалку од Брегалница односно три од Воска. Во опасната зона остануваат Вардар, Работнички, па и струмичка Брера.

ПРВА ЛИГА 27.КОЛО
недела
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-0
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 6-1
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-2
сабота
АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 1-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1


Standings provided by Sofascore