Екипата на Наполи оваа сезона се навикна да губи бодови. Со ново „реми“ од 2:2 одиграа Наполитанците на денешниот натпревар со Фросиноне.

Во првиот дел Наполи го отвори натпреварот со голот на Политано во 16.та минута. Во 30.та минута Соуле промаши пенал за Фросиноне.

Вториот дел се свртеа страните многу пати, а главен кривец за тоа беше Чедира. Најпрво по грешка на Мерет постигна гол за 1:1 во 50.та минута. Во 63.та минута Осимен го врати Наполи во водство, а во 73.та Чедира постигна нов гол за 1:1.

По 32 кола Наполи се наоѓа на 8.место со 49 бода. Фросиноне имаат 27 освоени бода и се наоѓаат на 17-то место во Серија А.