Избраниците на Јурген Клоп загубија на домашен терен 0:1 од екипата на Кристал Палас и се се подалеку од титулата во Премиер лигата.

Ова беше втор последователен пораз на „Енфилд“ за „црвените“ притоа на двата натпревари домаќините не успеаја да постигнат погодок (Аталанта 0:3; Кристал Палас 0:1).

Единствениот погодок за гостите го постигна Ебречи Езе во 14-тата минута, но најзаслужен за победата на Кристал Палас беше Дин Хендерсон кој имаше шест неверојатни одбрани.

Ливерпул со овој пораз останува трет на табелата во Премиер лигата со 71 освоен бод, исто толку има Арсенал, но со натпревар помалку, а лидерот Манчестер Сити има 73 бодови.

Вест Хем загуби на домашен терен од екипата на Фулам со 2:0 и значително се одалечи од местата кои водат во Европските натпреварувања следната сезона. Двата погодоци за гостите ги постигна Андреас Переира (во 9-тата и 72-та минута).