Одбојкарската федерација на Македонија го објави распоредот за финалните серии во двете конкуренции.

Први на „мегдан“ излегуваат одбојкарките. За трофејот ќе се борат актуелниот шампион Работнички Скопје и екипата на Струмица жени која сезонава има само еден пораз во 22-та одиграни натпревар.

Откако во купот го прославија првиот пехар во клупската историја, струмичанки ќе се обидат да дојдат до првата двојна круна. Екипата на Работнички Скопје се надева на хет-три затоа што беше на врвот во минатите две сезони. Финалето од разигрувањето одбојкарките ќе го почнат во недела во Струмица.

Одбојкарите пак ќе тргнат во вторник, а потоа ќе се игра на секои три дена. Можена е промена на термините на барање на Македонската телевизија за реализирање преноси.

Тронот го брани Струмица 47&72, а предизвикувач е екипата на Штип УГД. Овие два тима играа и во финалето на Купот, во кое до првиот клупски трофеј стигнаа штипјани.

ФИНАЛЕ (ЖЕНИ) – до три добиени натпревари
Струмица жени – Работнички Скопје (недела 14.04.2024 – 17.00 часот)
Работнички Скопје – Струмица жени (среда 17.04.2024)
Струмица жени – Работнички Скопје (сабота 20.04.2024)
Работнички Скопје – Струмица жени (вторник 23.04.2024)
Струмица жени – Работнички Скопје (петок 26.04.2024)

ФИНАЛЕ (МАЖИ) – до три добиени натпревари
Струмица 47&72 – Штип УГД (вторник 16.04.2024)
Штип УГД – Струмица 47&72 (петок 19.04.2024)
Струмица 47&72 – Штип УГД (понеделник 22.04.2024)
Штип УГД – Струмица 47&72 (четврток 25.04.2024)
Струмица 47&72 – Штип УГД (недела 28.04.2024)