Јуниорската женска одбојкарска репрезентација на Македонија (У18) со пораз го почна вториот круг квалификации за Европското првенство 2024-та.

Во рамките од „Б“ група чиј домаќин е српскиот град Врњачка Бања, напите млади одбојкарки беа поразен од од домашната селекција на Србија во три сета (3:0)

Србинките уште во првиот сет покажаа дека имаат подобра селекција од напада. До водство од 1:0 стигнаа добивала го сетот со 25-17. Во вториот и третиот сет нашите јуниорки освоија два односно еден поен помалку (25-15 и 25-16).

Во првиот денешен натпревар од групата, Холандија ја совлада Чешка со 3:2 во сетови.

Токму Холанѓанките се следниот противник на нашите одбојкарки во мечот закажан за утре од 16.30 часот.

Во последната рунда в сабота Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Чешка.