Женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Словенија во натпревар од квалификациите за Европскиот шампионат.

На дуелот од 2.коло во Ц2 конкуренцијата одигран попладнево во Скопје, Македонија загуби убедливо од Словенија со 0-5.

Фаворитската улога Словенките ја потврдија уште во првото полувреме е кога создадоа два гола предност. Коросец во 24.минута беше стрелец на првиот гол, а Панчурова која во 29-тата минута си постигна автогол, зголеми на 0-2 за гостинките.

По само единаесет минути игра во вториот дел (56) Плишникар зголеми на 0-3. Во самиот финиш (84 и 88.минута) гостинките постигнаа уште два гола за конечни 0-5 за Словенија.

Со вториот триумф репрезентацијата на Словенија се зацврсти на 1.место на табелата пред Македонија. По нив следуваат Летонија и Молдавија кои се без бод, а играат меѓусебно попладнево.

Македонија во следните два натпревари за противник ќе ја има Молдавија. Првиот натпревар нашите фудбалерки ќе го играат на домашен терен на 31 мај, а четири дена подоцна (4 јуни) ќе гостуваат во Молдавија.